СПОРТ

Познати имињата на кошаркарите на првите екипи за „All Star“ натпреварот

Познати се имињата на кошаркарите кои ќе ја сочинуваат првата формација во ноќта на ѕвездите на 7-ми март. Леброн Џејмс, ќе биде капитен на Западната конференција, додека Кевин Дурент ќе „командува“ со Истокот. Во тимот на Џејмс ќе бидат: Лука Дончиќ, Стеф кари, Каваи Ленард и Никола Јокиќ, кој доаѓа на местото на повредениот Ентони Дејвис. Покрај Дурент ќе бидат Кари Ирвинг, Бредли Бил, Јанис Адетокумпо и Жоел Ембид.

Тимот на Бруклин Нетс го искористи отсуството на Ентони Дејвис и го совлада шампионот Лос Анџелес Лејкерс со резултат 109-98. Кај домаќините се истакна Леброн Џејмс со 32 поени, 7 асистенции и 6 скока, додека кај гостите најпрецизен беше Џејмс Харден со 23 поени, 11 асистенции и 5 скока. Изгуби и тимот на Милвоки од Торонто со конечни 110-96 , додека Мајами го победи Сакраменто со 118-110.

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс стигна до 35 илјади поени во кариерата, со што стана третиот кошаркар што стигнал до оваа бројка. На листата најдобри стрелци се Карим Абдул Џабар и Карл Мелоун.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button