ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците едногласно си доделија буџетски пари во партиските каси

Пратениците го најдоа рецептот за одбокирање на нефункционалното собрание. Во време на викенд, далеку од очите на јавноста народните избраници решија преку законоски измени да си ги вратат дел од парите кои владата претходно реши да ги пренамени за борба против пандемијата. Станува збор за четири милиони евра пари кои годишно политичките партии го добиваат од буџетот.

Преку измени на законот за финансирање на политички партии пратениците едногласно изгласаа дека треба да направат поврат од 70 отсто или околу три милиони евра да се вратат во партиските каси. Според аналитичарот Алберт Муслиу партиите и покрај тензиите што ги имаат секогаш да се здружуваат за законот за финансирање на партиите. Овој закон се носи со најголемо мнозинство – вели Муслиу.

Од министерството за правда за Алсат не одговорија која беше причината за носење на итни измени на законот за финансирање на партии туку, ни посочија само дека средства на политичките субјекти кои ги добиваат од државата се намалени.

„Наместо досегашните 0,15% од изворните приходи на буџетот, предвидено е намалување за 30% во споредба со исплатените средства за 2019 година, и со измените овој процент ќе биде сега 0,105% од изворните приходи на буџетот“, се наведува од Министерството за правда.

Инаку, во последниот период пратениците меѓусебно се обвинуваа дека ја кочат работата на собранието. Власта обвинуваше за илјадниците  амандмани, а опозицијата  дека власта не се обидела да постигне договор со нив и затоа немаат поддршка во носењето закони. Но за овој закон со кој добиваат државни пари пратениците не најдоа никаква замерка едни на други и со голема леснотија си ги вратија парите од државата. Овој закон е донесен по скратена постапка во ист ден кога е изгласана и финансиската поддршка на ранливите категории граѓани со шест илјади денари.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button