ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сè уште нема конкурс за избор на Народен правобранител

Собранието и натаму не објаснува зошто сè уште не е објавен јавниот конкурс за избор на народен правобранител. Алсат бара објаснување со месеци, но не е познато зошто законодавниот дом ја заобиколува оваа обврска. Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Костадин Костадинов вели дека надлежен за објавување на огласи е претседателот на парламентот, од чиј кабинет продолжуваат да молчат.

Вториот мандат на сегашниот народен правобранител, Иџет Мемети истекува на 24 декември. Според законот за народен правобранител, Собранието има законска обврска да започне постапка за избор на „омбудсман“ и неговите заменици, три месеци пред истекот на нивниот мандат. Ова значи дека Собранието требаше да ја започне постапката за избор на новиот народен правобранител и неговите заменици најдоцна до 24 септември. На една од неформалните средби на претседателот на Собранието Талат Џафери со новинарите, тој изјави дека конкурсот ќе биде објавен кога ќе има договор меѓу политичките партии. Сè уште не е јасно зошто е потребен политички договор за аполитичка функција?

Во овој дух, политичките партии веќе долго време јавно се судираат околу тоа кој треба да го избере народниот правобранител. Опозицијата инсистира дека оваа функција им припаѓа нив.

Хелсиншкиот комитет смета дека постапката за избор на Народниот правобранител требаше да започне навреме или итно, и треба да биде транспарентна.

Според Јадровски, ова е уште едно предупредување дека можеби дури 20 години по функционирањето на институцијата Народен правобранител, нема да имаме независна и непристрасна институција.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button