Пратениците не успеаја да го конституираат косовското собрание во шестиот обид
Пратениците не успеаја да го конституираат косовското собрание во шестиот обид

Пратениците не успеаја да го конституираат косовското собрание во шестиот обид, откако кандидатката на движењето Самоопределување, Албулена Хаџиу, не ги доби потребните гласови. Хаџиу доби 57 гласа „за“, четири помалку од минимумот од 61 глас. Хаџиу не беше избрана за претседател на четири последователни седници. Самоопределување ја обвинува опозицијата за непотребни тактики. Во меѓувреме, потпретседателката на Демократската партија на Косово, Влора Читаку, го смета Самоопределување одговорно за ситуацијата.
„Мислам дека не е потребно она што се случува, конститутивната седница, да трае толку долго бидејќи има 120 пратеници, бидејќи постои политичка волја да се оди напред. Само што има непотребни тактики, ова е втор пат опозицијата да прави непотребни чекори и како резултат на тоа тие го блокираат и формирањето на институциите. Мислам дека секоја партија што ќе направи чекор да оди напред и да помогне во конституирањето на Собранието ќе има и потребното ценење од граѓаните“, рече Хекуран Мурати, Самоопределување.
„Мислам дека целата дебата од овие последни неколку дена е погрешно формулирана, прашањето не е дали ДПК го променила својот став, туку дали го променила својот став и дали има обиди за деблокирање на ситуацијата од страна на првиот парламентарен субјект Самоопределување. Тие треба да ја деблокираат ситуацијата“, рече Влора Читаку, потпретседател на ДПК.