ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците со осуда за случувањата во Судскиот совет

Разрешувањето на шефица на Судскиот совет ги покажува слабостите на судскиот систем во земјата, и е причина зошто граѓаните не веруваат на правосудниот систем. Вака опозициските партии ги коментираа драматичните случувања еден ден претходно во Судскиот совет. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, вели дека настанот бил преседан, додека пратеникот на БЕСА, Фадил Зендели, рече дека настаните се резултат на политички притисоци.

„Преседан, за ова правосудниот систем има кредибилитет понизок од 4 проценти, дали ова некогаш се случило?! Тоа е преседан, како и секојдневниот живот во Република Македонија, ништо повеќе“, рече Дафина Стојановска, ВМРО – ДПМНЕ.

„И разрешувањето на претседателката, но и политичкиот притисок што се врши врз оваа институција, врз членовите на оваа комисија, е нешто што не треба да се случува, тоа е криминално, навистина тоа е нешто што е надвор од секое резонирање на функционирањето на институциите, особено на правдата. Ова е исто така аларм дека оваа власт го изгуби својот пат во сопствениот двор“, рече Фадил Зендели, Движење БЕСА.

Мнозинството пратеници велат дека настаните во Судскиот совет се негативни и дека треба да има одговорност.

„Лично, како Мартин Костовски, можам да го оценам како негативно ваквото однесување во Републичкиот судски совет, меѓутоа за подетални информации, треба да го прашате ова независно судско тело“, Мартин Костовски, СДСМ.

„Судскиот совет е одговорно тело и се подразбира дека постојат и тела кои имаат право да постапуваат по Судскиот совет и верувам дека ако има пропусти, секој е одговорен за правните и процедуралните пропусти што ги прават таквите дејствија“, рече Аднан Незири, АА.

Судскиот совет во моментов функционира без претседател,откако предлог за разрешување на Весна Дамева, даде потпретседателот Селим Адеми, кој беше висок функционер на ДУИ, одосно државе секретар во Министерството за правда.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button