ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Разрешувањето на шефицата на Судскиот совет е незаконско

Законот за судски совет го санкционира начинот на избор на шеф на ова тело и негово разрешување. Според член 8, претседавачот се избира со 8 гласа „за“.

Закон за Судски совет, член 8, став 4:

„Претседавачот на Советот и неговиот потпретседател се избираат со најмалку 8 ГЛАСА од членовите со право на глас“.

Оваа одредба подразбира дека 7-те гласа на членовите на Судскиот совет за разрешување на Весна Дамева од претседателската функција не биле доволни и одлуката не може да биде правосилна. Друго прекршување кое беше забележано на скандалозната седница на советот беше гласањето на предлагачот. Согласно одредбите од Законот за судови, право на глас нема предлагачот, во случајов потпретседателот Селим Адеми, кој беше предлагач на точката од дневниот ред но и предлагач за разрешување.

Дополнително, прекршен е и Деловникот за работа на Судскиот совет. Во овој подзаконски акт, но и во самиот закон стои дека седницата ја води претседавачот на советот, додека во негово отсуство со седницата претседава потпретседателот. На седницата на 26 април, додека Дамева беше на седница, Адеми го презеде раководењето со седницата, брутално кршејќи го законот и Деловникот.

Закон за Судски совет, член 8:

„Работата на Советот ја води претседавачот. Претседателот на Советот има потпретседател кој го заменува во негово отсуство“.

Во целата оваа ситуација, Јавното обвинителство и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција досега немаат забележано законски прекршувања, односно злоупотреба на службените должности и дејствија спротивно на законот.

„Јавното обвинителство постапува кога за конкретни настани постојат сомнежи за сторени кривични дела. Доколку некое лице има сомнежи или докази кои водат кон потврдување на кривично дело, има можноста да го изнесе пред Обвинителството“, наведуваат од Јавното обвинителство.

Разрешувањето на Дамева во форма во која е направено не го помина ниту филтерот на Комисијата неопходна за проверка на одговорноста. Таква комисија не е ни формирана. Дамева одби точката за разрешување да ја стави на дневен ред, а Селим Адеми тоа го направи додека Дамева беше присутна во салата. Според предлагачот, причина за разрешувањето е нарушување на човечките односи, но ваквото образложение не претставува основа за докажување на одговорност. Законот јасно ги предвидува околностите под кои може да се започне разрешување на првиот човек на советот, но во конкретниот случај не беа земени предвид ниту одговорноста, ниту немањето резултати, ниту пак, нарушувањето на угледот на институцијата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button