ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи

Сончево и топло време со мала до умерена облачност се најавува за денеска во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови се прогнозира дека ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи,  а ќе дува и слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од 7 до 15 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 18 до 28 степени.

Во Скопје за денеска се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 11 степени наутро, до 26 во текот на денот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button