ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците трет ден ќе расправаат за измените на Законот за минимална плата

Во Собранието денеска треба да продолжи дебатата за Предлог-измените на Законот за минимална плата. Собраниската расправа трае трет ден.

Со ова законско решение, минималната плата од март треба да се зголеми на 18.000 денари од сегашните 15.200 денари. Очекувањата се дека ќе бидат опфатени околу 80.000 работници кои веќе во април ќе земат зголемена минимална плата. Зголемувањето на минималната плата ќе биде помогнато од страна на државата, која од Буџетот ќе одвои 16 милиони евра за покривање на разликата во придонесите.

Законското решение уследи откако на 7 февруари по неколкудневни преговори беше постигнат договор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата во рамки на Економско-социјалниот совет. Синдикатите бараа итно зголемување на минималната плата поради повисоките животни трошоци и фактот дека две минимални плати се малку за да се покријат основните потреби што се пресметуваат во синдикалната потрошувачка кошничка.

Со измените се менува и методологијата за годишното усогласување на минималната плата, односно усогласувањето ќе се врши според следните критериуми – 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од трошоците за живот, а висината на минималната плата не смее да биде пониска од 57 проценти од просечната плата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button