ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Правда – до 10 април, формирање на работната група за уставни измени

Министерството за правда испрати дописи до претседателот Стево Пендаровски, сите парламентарни партии, МНР и Секретаријатот за европски прашања, да предложат свои челнови во работната група за уставните измени. Повикани се и експерти кои ја познаваат уставната материја.

Advertisements

„Во барањето за номинација е наведено дека во интерес на исполнување на нашата обврска која произлегува од преговарачката рамка која ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ, потребно е политичко обединување со цел да се загарантира европската перспектива на нашата држава. За таа цел потребно е да се определи претставник кој има познавање од областа на Уставното право кој активно ќе учествува во работната група при изготвувањето на уставните измени“, наведуваат од Министерството за правда.

Наместо учество во работната група, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика за нивниот партиски предлог за промена на Уставот по хрватски терк да се гради консензус јавно и на лидерски средби. Тој вели дека работната група на Министерството за правда ќе биде потребна откако ќе се изгласа потребата за промена на Уставот што е прв чекор од процесот, а не сега.

„Без да криеме ништо од јавноста. Еве, велиме ајде господа, одважете се, да седнеме и да ја завршиме работата. Како што е хрватската Преамбула во хрватскиот Устав така да ја направиме Преамбулата во нашиот македонски Устав. Стоиме на располагање еве јавно, немаме што да криеме. Сакаат на дуел? На дуел ќе зборуваме. Сакаат лидерска средба? На лидерска средба ќе зборуваме“, рече Мицкоски.
Од друга страна, за претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари паралелата со Хрватска е неспоредлива.

„Во Хрватска над 90% од населението се Хрвати, а во Македонија е сосема друга конфигурацијата на населението. 54% се Македонци, 30% се Албанци и други етнички заедници. Ако веќе сакаме да се споредуваме, ајде да се споредуваме со Швајцарија или Белгија“, рече Таравари.

Засега од другите политички партии нема одговор на повикот на Мицкоски за свикување на лидерска средба.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button