ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Празниците го испразнија Скопје

Празниците го испразнија Скопје

Свеж воздух, нешто невообичаено за Скопје. Но, овој празничен викенд го испразни главниот град. Иако времето беше сончево, улиците беа празни, а плоштадите со малку луѓе. Граѓаните велат дека постарите се по дома, а младите славеле во странство.

Advertisements

Фактот дека Божиќ го испразни главниот град е забележлив и во домашните туристички места како во Охрид и во Маврово. Граѓаните велат дека времето е толку сончево што можете да се сончате и да скијате во исто време.

Дека голем дел од нашите граѓани беа во странство се гледа и од зголемениот проток на граничните премини. Освен на Блаце и Табановце, долги колони денеска беа забележани и на граничните премини Деве. Баир и Ќафасан. Граничната полиција информира дека најмногу влезови во земјава денеска се забележани на граничниот премин со Грција, од каде голем број граѓани се враќаат по викендот поминат кај јужниот сосед .

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button