ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Загрижува бројот на малолетници уапсени со наркотици

Загрижува бројот на малолетници уапсени со наркотици

Деновиве полициските билтени се полни со малолетници фатени со наркотици. Оваа појава е многу загрижувачка а според психолозите, еден од главните фактори е недостатокот на родителска грижа. Велат родителите треба да се дружат со децата и да ја зголемат контролата врз нив, вели психолог Нора Каса Вејсели.

„Млада жена или млад човек, во нормални услови, не би се обидел да ги реши проблемите по овој пат. Несомнено треба да се зголеми родителската контрола, почнувајќи од тоа што детето носи во чантата кога оди на училиште, кога се враќа од училиште, што има во чантата. Родителите треба што повеќе да се дружат со своите деца, слободно да зборуваат за секој проблем за да знаат дека имаат поддршка од семејството. Да не му стане пријател некој странец а потоа да страда детето“, изјави Нора Каса Вејсели, психолог.

Социолозите велат дека девијатното однесување кај децата почнува уште од основно училиште.

Последниот случај на апсење на корисници и продавачи на дрога, кое го спроведе СВР Тетово, резултираше со приведување ученици во повеќе училишта. Најголемата акција се случи во средното медицинско училиште, каде беа фатени некои ученици, а месеци подоцна беа избркани од училиште. Шокантен е и податокот дека меѓу петте ученици кои продавале наркотици имало и малолетник во прва година.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button