ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пред избори не смее „фрлање лопати“, вработувања, нередовни исплати…

Новиот состав на Антикорупциската комисија, на првата конститутивна седница денеска ги потсети функционерите и политичките партии за своите обврски поврзани со изборниот процес. Од комисијата истакнаа дека во предизборниот период не смее да се почнуваат градби со пари од буџетот или од јавни фондови, не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош кои не се редовни месечни исплати и не може да се почнуваат постапки за вработување на нови лица во државните органи. Од Комисијата потсетија дека за непочитување на законите ќе преземаат соодветни мерки, а институциите сами ќе треба да внимаваат како постапуваат.

Advertisements

„Во периодот на спроведување на активностите поврзани со избор на претседател и избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, ДКСК согласно одредбите на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси нема надлежност и не дава мислење по доставени барања за мислења поврзани со начинот на постапување на органите на државната и локалната власт и други државни органи“, рече Татјана Димитровска – претседателка на ДКСК.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button