ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предан: Ако ЕУ не се прошири со Западен Балкан, некој друг ќе го прошири своето влијание во овој регион

Ако ЕУ не се прошири во Западен Балкан, тогаш во овој регион некој друг ќе го прошири влијанието, изјави словенечкиот амбасадор во Скопје, Милан Предан, коментирајќи го спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија која го блокираше стартот на преговорите за членство меѓу ЕУ и Северна Македонија. Премиерот Јанез Јанша јасно кажа дека проширувањето не е техничко прашање, туку е големо геостратешко прашање за ЕУ. “Самитот ЕУ – Западен Балкан ќе биде во основа главниот настан за време на нашето шестмесечно претседателство. Ние очекуваме дека тоа може да биде самит кога ќе може да објавиме или ќе може да ја видиме многу јасната перспективата во однос на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија“, изјави амбасадорот Продан во интервју за Радио Слободна Европа.

“Што значи дека ние очекуваме дека ќе можеме на овој Самит, не само во основа да ја потврдиме поддршката на ЕУ за проширувањето, туку дека ќе можеме да презентираме многу јасен напредок и прашањето за отпочнување на преговори со Северна Македонија и Албанија секако ќе биде главниот предизвик за нашето претседателство. Тоа е наша тивка цел, да го употребиме времето по формирањето на новата бугарска влада. Веројатно тоа очекуваме да биде најдоцна до крајот на август, за во септември да направиме дополнителни напори да дојдеме до компромис со Бугарија, и Софија и тогаш ќе може да ги преземеме сите неопходни одлуки за двете земји кои го чекаат овој момент многу долго време и мислам дека двете го заслужуваат тоа. Ние ќе можеме да кажеме дека сме го скршиле овој мраз и дека до крајот на годината двете земји ќе може да ги отпочнат преговорите. Ние не сакаме да шириме лажен оптимизам. Ние не сакаме да ветуваме политички чуда. Но, ние сме сè уште самоуверени дека после две претседателства кои се обидуваа да го решат овој проблем и кои не успеаја, дека е време за ова конечно да се случи“, изјави Милан Предан, амбасадор на Република Словенија во Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button