ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предлог-измените на Законот за здравствена заштита на дневен ред на собраниската Комисија за здравство

Во Собранието денеска седница треба да одржи Комисијата за здравство со една точка на дневен ред – Предлог закон за изменување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.

Advertisements

Со предложените измени се очекува да се доуреди дополнителната дејност и се врши усогласување на обемот на дополнителна дејност којашто можат да ја вршат здравствените работници во однос на редовното работно време.

-Специјалистите/супспецијалистите вработени во која било јавна или приватна здравствена установа согласно законот ќе може да дежураат во која било здравствена установа ширум државата согласно дефицитот на нивната специјалност во одредена болница или регион. Со законот исто така се воспоставуваат нови услови за вршење на дополнителна дејност, се вели во образложението за Предлог-законот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button