МАКЕДОНИЈА

Предлог-одлуката за бројот на потпретседатели на Собранието денеска на пленарна седница

Претседателот на Собранието за денеска го закажа продолжението нa втората седница на чиј дневен ред е Предлог на одлука за утврдување на бројот на потпретседателите на законодавниот дом.

Џафери предлага Собранието да има петмина потпретседатели. Во образложението на предлогот, Џафери повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание, наведува дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“.

Според Деловникот, опозицијата има едно потпретседателско место, две предлага Комисијата за избори, а другите две се на мнозинството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button