МАКЕДОНИЈА

Регистрирани нови 243 новозаболени од Ковид-19, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1831 тестирања, а регистрирани се 243 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје-98, Куманово-11, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-2, Струга-9, Велес-3, Битола-5, Охрид-5, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-5, Струмица-21, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-12, Кичево-1,Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 100 оздравени пациенти од: Скопје-39, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-4, Велес-7, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Гевгелија-2, Струмица-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-1,  Македонски Брод-1, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2, Ресен-5.

Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (65г.), од Битола (82г.), и двајца од Куманово (72 и 80г.). Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18602, бројката на оздравени пациенти е 15264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2585.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button