ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предлогот „Недела за неработен ден“, следната недела на владина седница

Предлогот недела да се прогласи за неработен ден, според владиниот портпарол Мухамет Хоџа, следната недела се очекува да се најде на разгледување на владина седница.

„Министерството за труд и социјална политика е посветено да достави предлог до владата, но како што сте информирани овој оддел е во консултации со приватниот сектор, стопанските комори и другите министерства, очекуваме овие консултации да бидат завршени за брзо време и предлогот неделата да биде неработен ден ќе се најде на владината седница и очекуваме дека тоа ќе се случи следната недела“, рече Хоџа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button