ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Предложени се четири тарифни модели за пресметка на струја за домаќинствата

Домаќинствата ќе бидат поделени во четири блок тарифи со кои ќе им се пресметува висината на сметката за струја. Регулаторот и експертите кои ги изготвуваа предлог новите правила посочија дека 87 отсто од домаќинствата ќе имале пониски сметки за електрична енергија, доколку новиот правилник важеше од јануари до крајот на овој месец. Сега кога се очекува нагорна корекција на цената надлежните рекоа дека неможат прецизно да пресметаат како точно би изгледале сметките на граѓаните. Но уверуваат дека прават сѐ, оние кои рационално ја трошат струјата помалку и да платат.

„Со имплементацијата на овие блокови кај 87 отсто од домаќинствата во зимските месеци ќе имаме намалени трошоци за електрична енергија. Кај останатите ќе има зголемени трошоци“, рече Бислимовски.

Предлог новиот правилник вели дека првиот блок би бил до 210 киловатчасови, вториот до 420, потоа третиот би се движел од 420 до 630 потрошени киловат часа електрична енергија и последниот до 630 киловат часови.

„Тие домаќинства што имаат потрошувачка во висока тарифа помала од 420 киловат часови месечно ќе плаќаат помалку од пет до 13 отсто“, рече Рубин Талески, Универзитетски професор.
Експертите кои беа поканети да ги кажат своите ставови беа со спротивни мислења, дел посочија дека граѓаните кои се греат на струја не треба да се плашат од високи сметки. Дел од нив во новите правила посочија проблем кој може да се јави во случај во поголема куќа каде живеат повеќе членови на семејството имаат едно броило.

Тогаш сметката може да биде повисока и за 50 отсто. Ова беше прва јавна дебата за новите предлог блок тарифници за електрична енергија за домаќинствата. Најавени се уште неколку во периодот што следи се со цел да се направи еден коректен процес во користењето и наплатата на струјата во земјава.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button