ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Притвор за малолетникот кој прегази жена на „пластичарска“

16 – годишното момче кое пред два дена прегази 47 – годишна жена на булеварот „Никола Карев“ во притвор ќе ја чека судската разрешница во случајот. Од Кривичниот суд за Алсат потврдија дека е прифатено барањето на скопското Обвинителство.

„Брзината на движење на возилото не ја приспособил на условите кон својствата и состојбите на патот и кон густината на сообраќајот. Од тие причини, кога стигнал пред клучката Бит Пазар, не бил во можност навреме да го запре автомобилот и со предниот десен бочен дел од возилото удрил во телото на жена, која како пешак го поминувала коловозот надвор од обележан пешачки премин“, наведоа од Обвинителството.

Тука секојдневно се преминува улица, иако нема пешачки премин. Момчето возело без дозвола и му се заканува кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. За исто дело, одговораше и 22 годишното моче Јордан Ѓорѓиев кој пред пет месеци кај крстосницата кај „Сити Мол“,ја прегази 24 – годшината Викторија Николова од Радовиш. Тој и ден – денеска е во притвор, а во меѓувреме обвинителството покрена обвинение. Ѓорѓиев на судскиот процес приза вина и доби три години затвор. Семејството на починатата девојка беше незадоволно од висината на казната.

Пресуда сѐ уште се чека за сообраќајната несреќа кај мостот „Гоце Делчев“, која с еслучи на почетокот на годинава а во која загина 76 годишен пешак. Обвинтелството за овој случај не бараше ниту притвор за возачот. Од таму само кусо изјавија дека надлежен јавен обвинител постапува по поднесената кривична пријава од МВР и работи на прибирање вербални и материјални докази со цел утврдување на фактите.

Граѓаните бараат зачесетни контроли од страна на полицијата и построги казни за вакви трагедии повеќе да не се случуваат.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button