ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прекината свадба во струмичко со околу 300 гости

Свадбена веселба со околу 300 гости е прекината окткако полициска контрола утврдила прекршување на законот за заштита од заразни болести.

Како што премесува МВР:

На 28.02.2021, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик.

Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. За настанот бил известен Јавен обвинител.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button