КОШАРКАСПОРТ

Прекината црната серија од неверојатни 18 порази

Црната серија на Сан Антонио Спарс од неверојатни 18 порази конечно е прекината откако оваа екипа успеа да триумфира на дуелот со ЛА Лејкерс со убедливи 129-115. Стануваше збор за најдолгата губитничка серија во клупската историја на „Спарси“, кои конечно заиграа на високо ниво и успеаја да го изненадт освојувачот на премиерното издание на НБА-купот.

Вембењама оствари дабл-дабл од 13 поени и 15 скокови, но херој на Сан Антонио беше Девин Васел, кој реализираше рекордни за него во кариерата 36 поени. Сан Антонио сега има скор од четири победи и 20 порази и се уште е последен во Западната Конференција, но сега со само две победи заостанување зад Портланд и Мемфис. Леброн Џејмс се врати во тимот на ЛА Лејкерс и реализираше 23 поени и 14 скокови, но во таборот на „езерџиите“ ги немаше Дејвис, Расел и Редиш.

Њујорк на гостински терен го изненади фаворитот Феникс триумфирајќи со 122-139, пред се благодарение на фантастичниот Брансон кој постигна 50 поени. Дурант реализираше 29 поени за Феникс, а домаќините останаа без Бредли Бил, кој поради повреда на зглобот се упати кон соблекувалната по само пет минути игра и повеќе не се враќаше во игра.

Резултати НБА:

Шарлот – Њу Орлеанс 107-112, Филаделфија – Детроит 124-92, Вашинтон – Индијана 137-123, Бостон – Орландо 128-111, Сан Антонио – ЛА Лејкерс 129-115,  Торонто – Атланта 104-125, Мемфис – Хјустон 96-103, Феникс – Њујорк 122-139.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button