ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Премиерот: Ако пораснат платите колку што бараат синдикатите, ќе има инфлација

Доколку платите на вработените во градинките и училиштата се зголемат колку што бара нивниот синдикат СОНК, тоа дополнително ќе ја зголеми инфлацијата во земјава, изјави премиерот Димитар Ковачевски во емисијата 360 Степени на Алсат.

Владата е во сериозни пресметки колку може да си дозволи да ги зголеми платите во секторот образование, но мора таа одлука да се донесе многу внимателно бидејќи кризата ги променила приоритетните трошоци за годинава на централно ниво. Не само за просветните работници, туку и за останатите вработени во јавниот сектор и во администрацијата, премиерот уверува дека поддржува раст на стандардот, но сега пари за позначително зголемување на платите нема.

„Доколку ги зголемите платите колку што е вкупно барање на синдикатите, тоа може да произведе дополнителен инфлаторен притисок. А, дополнителен инфлаторен притисок ќе значи дека и платата која ќе ја добијат работниците, таа после многу кратко време нема да вреди“, рече Ковачевски.
Ако се зголеми инфлацијата тогаш, додава премиерот, обврската на Народната Банка ќе биде да интервенира преку зголемување на каматните стапки.

„Што значи дека и долговите коишто ги имаат тие граѓани на тековни сметки на кредитни картички со зголемувањето на каматните стапки, ќе се зголемат и нивните обврски за плаќање“, додава Ковачевски.

Конфедерацијата на слободни синдикати, кој ги застапува правата на вработените под државна капа, а каде што членува и СОНК, преку предупредувачки протест пред неколку дена порачаа дека повеќе не се согласуваат да работат доколку достоинствено не им бидат зголемени платите.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button