ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Премиерот Ковачевски се солидаризира со новинарите, еве за што се работи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска престојуваше во фабриката во Охис за да го следи процесот на чистење на Линдан од малата депонија. Но, на новинарските екипи не им беше дозволено да влезат до  местото на настанот со возила, туку беа принудени опремата да ја носат пеш од капијата на фабриката до местото предвидено за изјавите.

За разлика од новинарите и снимателите, на премиерот и на министерот за екологија им беше дозволено да излезат со своите автомобили на местото на настанот, тоа предизвика револт кај новинарските екипи кои побараа одговори од премиерот.

На крајот од конференцијата Ковачевски во знак на солидарност со новинарите побара тој и тимот што го придружуваше да се вратат пеш до влезот на фабриката.

„Бидејќи имавте забелешка дека треба да одите пешки од портата до овде, сега ќе се вратам со вас пешки и ќе ми дадете дел од опремата да ја носам, во знак на извинување“, рече Ковачевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button