МАКЕДОНИЈА

Престројување во Алијанса пред саботното партиско собрание

Алијанса за Албанците во сабота ќе го одржи партиското Собрание на кое ќе се расправа за две точки: Извештајот на претседателот на партијата за политичките случувања за претстојните претседателски и парламентарни избори, како и разгледувањето на одлуката на раководството на партијата ( од 24.10.2023 година) за учеството на партијата на парламентарните избори. Дали Алијанса ќе го има потребниот кворум за одржување на Собранието или не, тоа ќе се види во сабота, поради фактот што првиот човек Арбен Таравари вели дека најмалку 70 отсто од членовите позитивно одговориле на неговата одлука да оди со опозицијата, што значи дека се против одлуката од 24 октомври минатата година. Граѓани синоќа спонтано се собраа во Гостивар пред куќата на Таравари за да ја поддржат одлуката за приклучување кон здружената албанска опозиција. Таравари рече дека го послушал гласот на народот и дека нема сила што ќе ја запре промената што започна.

„Знаев дека гласот на народот е за соработка со опозицијата. Ова го чувствувам секој ден кога разговарам со раководителите на ограноците, кога зборував на последниот состанок на претседателството пред еден месец, но сега кога ја гледам поддршката од народот, сигурен сум дека треба да продолжиме по овој пат и што поскоро да им ја донесеме промената на Албанците“, рече Таравари.

Во контекст на заканите кон него и неговото семејство по пронаоѓањето на куршумот од автоматска пушка во дворот, Таравари рече дека такви закани и дискредитации очекува и во наредниот период.

„Знам дека сега ќе има начини преку кои ќе се обидат да ме дискредитираат како личност, но мило ми е што го имам народот со мене, вие сте со нас, правдата е со нас, нашата намера е чиста и повеќето од се што им треба на Албанците во овој период е промена и верувам дека на 8 мај ќе ја прославиме големата победа во Тетово или Скопје“, додава Таравари.

Одлуката на Таравари Алијансат да се приклучи на албанскиот опозициски фронт наиде на остри реакции од одредени структури во АА. Против ваквата одлука на Таравари излезе претседателот на Собранието, Зијадин Села додека пратеничката група е поделена на фракции, исто како и министрите на АА. Села го обвини Таравари дека им се придружил на предавниците на АА, додека Таравари ги обвини партиските структури дека по секоја цена се обидуваат да ја задржат ДУИ на власт.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button