ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пресуда за Мијалков за „Тортура“ врз Бошковски

Десет години по скандалозното приведување на политичарот Љубе Бошковски, денеска ќе биде донесена пресуда за предметот „Тортура“. Првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков заедно со неколку полициски службенци од единицата „Алфи“.

За мачење и нечовечко постапување при приведување на политичарот Љубе Бошковски веднаш по парламентарните избори во 2011 година денеска ќе му ја донесе четвртата пресуда на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Станува збор за пресуда за предметот Тортура на поранешното Специјално обвинителство.

До сега Мијалков е осуден на 12 години казна затвор за предметот Таргет Тврдина, односно за незаконското масовно прислушување, потоа 8 години затвор за набавка на британска опрема за следење на електронската комуникација за УБК и 3 години затвор за предметот на СЈО „Титаник 2“, кој се однесува на изборни измами.

На обвинителна клупа во изминативе 50-тина рочишта седеа Мијалков и шест припадници на сега поранешната полициска единица „Алфа“ поради начинот на кој е изведено апсењето пред ресторанот „Воденица“ . Првото рочиште за Тортура беше закажано во март 2018 година. Мијалков е обвинет дека апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Бошковски е спроведено под негова наредба со цел политичко понижување на неговиот противник./ slobodnaevropa.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button