ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претпладне сончево, попладне услови за локално невреме со пороен дожд и грмежи

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност – вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нè очекува денеска во земјава. Топлото време ќе се задржи во претпладневните часови, а попладне ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 16 до 22 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 30 до 39 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне се можни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите во главниот град денеска ќе се движат од минимални 22 до максимални 37 степени.

Слично време УХМР најавува и за утре.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button