ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претрес во Скопје, пронајдени марихуана и муниција

 На 17.12.2021 во 17.45 часот во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Т.М.(57) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе парчиња муниција од различен калибар.Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button