ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претреси во Кочани, пронајденo големо количество украдени предмети

По претходно добиени сознанија, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Штип, а во координација со Основното јавно обвинителство Кочани и во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, извршени се претреси во присуство на Јавен обвинител од Кочани на четири локации на подрачјето на ОВР Кочани, со цел пронаоѓање на предмети од извршени кривични дела тешки кражби, кражби, помагање, загрозување на животна средина.

Advertisements

При претреси кај две правни лица и во објект сопственост на Д.Б. во Кочани пронајдени се и одземени поголема количина предмети од метал и арматурно железо кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците.

Од страна на инспекторите од двата државни инпектората, информираа денеска од МВР, кај правните лица се констатирани неправилности во работењето, а на едното му е изречена и мерка „забрана за вршење на дејност“. По целосно документирање на случаите од страна на ОВР Кочани до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Акцијата е спроведена во текот на вчерашниот ден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button