ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, е прогласен за почестен доктор на Универзитетот во Тетово

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, е прогласен за почестен доктор на Универзитетот во Тетово, по повод 26-годишнината од основањето. Лидерот на ДУИ ја доби оваа титула за неговиот придонес во унапредувањето на националната кауза, официјализирањето на Тетоевскиот Универизитет, ослободувањето на Косово и за европските интеграции. Ахмети во својот говор рече дека оваа награда го мотивира да работи уште повеќе за да го зголеми квалитетот на образованието, така што образовните институции да бидат конкурентни во областа на знаењето.

 „Ветувам дека сите од областа на образованието ќе имате силен партнер за унапредување на образованието, инфраструктурата и создавањето на кадри, и кадри за да бидат поздравени и посакувани од сите“.

Доделувањето на титулата почестен доктор  на лидерот на ДУИ, Али Ахмети предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, но и на опозициските партии. Алијансата за Албанците и Алтернатива преку изложба иронизираа со титулата на Ахмети, припишувајќи му ги вештините за заминување на младите од Македонија, намалувањето на квалитетот на образованието, купувањето дипломи, но и со постапките од последните години како во Дива населба во Куманово, случајот „Монструм“ и други скандали.

„На изложбата што ја гледате овде зад нас, ние изложивме некои академски списи како што е можноста за преселувањето на целото население од Македонија во Германија без насилство и репресија. Начини на договарање за набавка на дипломи и така натаму. Исто така, ги покажавме научните експерименти што ги спроведе ова лице, меѓу кои се случајот со Куманово или „Дива населба“, како и експериментот со случајот „Монструм“.

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button