СВЕТ

Претседателот на Европскиот Совет го осуди нападот на холандскиот новинар

Нападот врз холандскиот новинар, кој беше тешко ранет од огнено оружје, е злосторство против новинарството и напад врз вредностите на Европската унија (ЕУ), изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

“Тоа е злосторство против новинарството и напад на нашите вредности на демократијата и владеењето на правото. Ние продолжуваме да ја браниме слободата на медиумите”, рече Мишел на Твитер.

Питер Р. де Врис, е познат холандски новинар кој се занимава со теми поврзани со криминал бил нападнат неколку минути по појавувањето во ТВ-емисија. Медиумите објавија, цитирајќи очевидци, дека 64-годишниот новинар и ТВ-презентер бил застрелан пет пати, вклучително и еднаш во главата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button