Полскиот претседател Анджеј Дуда е позитивен на вирусот корона, објави денеска портпаролот на претседателот Блажеј Спихалски.
Како што тој напиша на Твитер, Дуда се чувствувал добро.
“Претседателот вчера беше тестиран на вирусот корона и резултатот е позитивен. Тој се чувствува добро. Ние сме во постојан контакт со надлежните медицински служби”, напиша Спихалски, пренесува Ројтерс.