Претседателот на ЗЕЛС нема прецизна информација дали Владата планира да му ги одземе ингеренциите на Град Скопје за ЈСП
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски нема прецизна информација дали Владата планира да му ги одземе ингеренциите на Град Скопје за јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје.
-Знам дека претседателот на Владата го изјави тоа. Знам дека размислуваат сериозно на таа тема затоа што ги засега сите скопјани и тоа не е единственото прашање кое во моментов предизвикува голгота за скопјани. Имаме проблем со Комуналната хигиена, со нефункционалноста на Паркови и зеленило, и за жал за првпат во историја со нефункционалноста на Водовод и канализација, посочи Ѓорѓиевски.
-Како Управен одбор на ЗЕЛС, до крајот на оваа година ќе имаме состанок со Владата и со претседателот на Владата и верувам дека и ова прашање ќе го отвориме, ќе разговараме за тоа, но подетални информации поврзани со тоа немам, рече Ѓорѓиевски.