ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на законот за попис

Претседателот Стево Пендаровски, по извршените консултации со правни експерти, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, соопштија од претседателскиот Кабинет.

Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button