ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претседателот со јасна поддршка за уставните измени, но со резерва за договор меѓу партиите

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера нагласи дека ги поддржува уставните измени, но напомена дека не е оптимист за договор меѓу политичките партии околу промените на Уставот. Министерството за правда вчера ги објави имињата на учесниците во работната група за уставни измени предложени од парламентарните политички партии и од институциите. Свои претставници предложиле десет партии од власта и три институции, додека без свои претставници во групата ќе бидат опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса, ДС, СПМ и ГРОМ. Од Министерството за правда велат дека имињата на експертите, кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе бидат соопштени до крајот на неделава.

Advertisements

Пендаровски синоќа во гостување на ТВ Сител рече дека внимателни ги слуша сите политичари во земјава што зборуваат јавно на темата уставни измени.

-Ако кажам дека сум песимист, а сум, бидејќи тоа една година го зборувам во континуитет, пак некој ќе ми замери од Владата и ќе рече дека треба да правам атмосфера во која ќе напредуваме. Многу внимателно ги слушам сите политичари во Македонија што зборуваат јавно на таа тема. Кој е тој што ќе рече дека тука има некаков простор во кој можеме да се договориме. Јас не го гледам тој простор. Јас сум за уставни промени, не утре, туку денес, но како со сила да ги натераме тие луѓе да гласаат? рече Пендаровски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button