ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти

Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти

Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.09.) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Велес и Битола реализираа низа превентивни активности од различни области, важни за безбедноста и сигурноста на граѓаните, пред се од областа на безбедноста во сообраќајот и заштитата од имотни деликти.Така, во рамки на СВР Битола, во повеќе основни училишта во Битола, Прилеп, Македонски Брод, Ресен, Демир Хисар и Крушево за првооделенците беа организирани предавања од страна на полициски службеници околу нивната безбедност во сообраќајот како пешаци под мотото „Безбедно од дома до училиште и назад“. И во текот на наредните денови ваквите активности ќе продолжат низ училиштата на подрачјето на СВР Битола, но и во другите сектори за внатрешни работи. Напоредно со ова, полициски службеници од ОВР Ресен и ОВР Крушево спроведоа активности за превенција од злоупотребата на огнено оружје при веселби и прослави, потоа за превенција од имотни деликти, првенствено измами, кражби и разбојништва, а беа реализирани и активности под мотото „Стави појас“ во интерес на безбедноста во сообраќајот.На подрачјето пак на Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес, а по повод интензивните сезонски земјоделски работи, организираше превентивни активности со возачи на земјоделски машини и механизација. Дополнително, во Велес се одржаа информативни средби со превозниците што годинава ја имаат обврската за превоз на ученици до училиштата и назад на подрачјето под надлежност на СВР Велес, а насочени кон безбеден и навремен транспорт на децата.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button