ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прибрани се траги за вештачење, велат од Обвинителството по опожарувањето автомобили и објект во Куманово

Серија намерно подметнати пожари се евидентирани во раните утрински часови во Куманово. Беа опожарени деловен простор, неколку автомобили и дел од куќа. Опожарена беше канцеларијата за сметководство и судски преводи пред Основниот суд во Куманово, навсоветникот во Собранието на општина Куманово, Фитор Јакупи.
Неколку блокови погоре пред месноста Гарнизон беше опожарен автомобилот на вишиот обвинител Џелал Бајрами.

Advertisements

Се обиделе да го запалат и автомобилот на полковникот со иницијали Е.Д. Запален е и автомобил Ауди, сопственост на Ментор Шахини. Полицијата информира дека трите автомобили изгореле за 30 минути.

Неофицијално се дознава дека на ниту едно од местата каде што бил подметнат пожарот не работеле безбедносните камери, токму во моментот на подметнувањето на пожарот. Истражниот тим не ја исклучува можноста осомничените да користеле блокатори на камерите, на интернет, со што ги прекинуваат снимките од безбедносните камери. Ова во својата реакција на социјалните мрежи го вели и заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени.

„Лицата што го подметнале пожарот се сомневаме дека користеле опрема за блокирање на камерите. Ве известуваме дека надлежните институции и претставници на МВР извршиле увид на местотата на настаните и ќе излеземе со нови детали“, рече Астрит Исени, заменик министер за внатрешни работи.
Исени во својата прва верзија даде индиции дека „синоќешните настани во Куманово се повразни со одредени криминални групи“, но потоа Исени го отстрани овој дел од својот Фејсбук статус./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button