РЕГИОН
Приштина: ЕУ бара поништување на мандатите на северот на Косово

Јетон Зуљфај, политички советник на косовскиот премиер, Албин Курти, рече дека Европската Унија побарала новоизбраните претседатели на општините на северот на Косово да не полагаат заклетва и да им бидат поништени мандатите.
Зулфај додаде дека такви барања не може да се поставуваат бидејќи се во спротивност со уставот и законите на Косово, пренесува Коха.
„Имаме градоначалници кои се избрани согласно законската процедура. Го осудуваме намерниот бојкот на Српската листа, кој очигледно беше погрешен. Нивниот бојкот е погрешна одлука која не можеме да ја толерираме“, рече Зуљфај.