ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Притисоците врз судската власт во С Македонија мора да престанат, порача Агелер

Притисоците врз судската власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат слободни за да можат да го практикуваат правото бидејќи граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа и сè повеќе го бараат тоа. Ова денеска го порача американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер во нејзиното обраќање по повод настанот со кој се одбележува јубилејната 60-годишнина од постоењето на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

„Јас имам слушнато од многу од вас за притисоците коишто се ставени врз вас. Притисоците врз судската власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане, судиите мора да бидат слободни за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа и се повеќе го бараат тоа“, порача Агелер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button