ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Притвор за четири лица за „Трговија со дете“

Притвор за четири лица за „Трговија со дете“

Четири лица од кои двајца српски државјани се осомничени за кривичното дело „Трговија со дете“ .

По барање на обвинител за гонење на организиран криминал, одреден им е притвор од 30 дена.
Според обвинителството, кон крајот на минатиот месец во Скопје, четвртоосомничениот, преку посредник, прифатил да најде невеста за синот на осомничените српски државјани. Тој стапил во контакт со првоосомничениот кој за невеста ја понудил сестра му, која штотуку наполнила 14 години.

Според договорот, братот добил 3.000 евра, од кои 200 евра требало да му даде на четвртоосомничениот. Иако девојчето не сакало да се омажи, плашејќи се од братот, на почетокот на месецов, била направена веселба на која присуствувале и сега осомничените свекор и свекрва. Мајката одбила да потпише полномошно за патување на малолетната ќерка во странство, по што случајот бил откриен од страна на овластени службени лица.

За кривичното дело што им се става на товар на осомничените запретена е казна затвор во траење од најмалку осум години.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button