ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приватните превозници чекаат повик од Владата

Илинденска од денеска е слободна. Возилата слободно кружат откако приватните превозници решија да ја повлечат или прекинат блокадата за да дадат простор за евентуален дијалог со претставници на Владата и на Град Скопје.

Превозниците чекаат одговор од Владата на барањето за итна средба. Сакаат да се најде решение и да се врати состојбата каква што била. Очекуваат да се утврди начинот на плаќање на долговите кон нив и да остане на сила сегашниот договор.

Но, од Владата нема конкретен одговор кога ќе биде свикана оваа средба.

„Отворениот дијалог е единствениот начин да се дојде до долгорочни и систематски решенија. Владата целосно го поддржува овој пристап“, велат од Владата.

Молк во Град Скопје. Никој од градските власти не одговори ниту на советничките прашања, а одговори немаше ниту на прашањата на Алсат. Секретарот на Град Скопје кусо одговори дека нема информации за евентуалната средба и дека нема време да се занимава со медиумите, бидејќи ја следел работата на седницата.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button