ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приватните превозници задоволни од состанокот со Арсовска

Приватните превозници излегоа задоволни од состанокот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Како што рекоа по завршување на денешната средба, тие до крајот на неделава ќе остварат уште една средба со градоначалничката, после што би излегле и со повеќе детали околу договореното. Претставниците на приватните превозници посочија дека Град Скопје не им должи ништо, туку дека должникот е ЈСП.

„Средбата помина во најдобар ред, останува на нас превозниците да најдеме начин да ги послушаме советите коишто ни се дадени за да се вратиме на скопските улици. Сите препораки беа во насока дека ќе се модернизира јавниот превоз во Скопје и ние ќе бидеме вклучени. Советите ќе ги послушаме и брзо ќе се вратиме на скопските улици….кон нас, приватните превозници, Градот Скопје нема долг. ЈСП има долг“, изјави Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници пред Град Скопје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button