ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приведен осомничен за измами со огревни дрва

ЕВР Аеродром и Драчево вчера и завчера расчисти пет измами со огревни дрва и една кражба, а завчера во 16:00 часот полициски службеници го лишија од слобода Н.Д.(45) од село Вражле, општина Зелениково, поради сомнение дека ги сторил измамите. Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор.

Како што информира МВР, вчера во полициска станица било извршено препознавање од оштетените, кои потврдиле дека тој е сторителот.

-Н.Д. ги сторил делата во текот на 2021 година на тој начин што одел кај оштетените и им нудел огревни дрва за ниска сума, а откако ќе ги земел парите заминувал и не им ги доставувал договорените дрва.  Н.Д.  извршил и кривично дело кражба на 08.06.2021 во хотел, при што оштетена била Б.В. од Скопје. Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот каде престојувал Н.Д., а украденото е пронајдено и вратено на оштетената, соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button