МАКЕДОНИЈА

Приведени две лица од Радовиш, запленета марихуана

На автопатот Штип – Миладиновци, кај место викано „Ерџелиски мост“, светиниколско, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Г.М.(25) и Р.С.(26), двајцата од Радовиш.

Настанот се случил вчера околу 13:00 часот.

При преглед во возилото „нисан“, кое го управувал Г.М., а сопатник бил Р.С. и при нивен личен преглед полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. Тие биле приведени во Полициската станица Свети Николе и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button