ВЕСТИРЕГИОН

Грција го укина карантинот за повеќе посетители

Грција од денеска го укинува карантинот за посетителите без коронавирус од повеќе земји пред официјалното отворање за туристите на 15 мај, соопшти вчера Министерството за транспорт. Промената се случи во моментот кога Грција го надмина прагот од 10.000 смртни случаи од ковид-19, а по потегот овој месец за укинување на ограничувањата за посетителите од земјите на ЕУ, САД и Британија.

На посетителите од овие земји им е дозволен влез во Грција, без да поминат една недела во карантин, се додека се вакцинирани или имаат негативен тест за коронавирусот. Грција ги укинува ограничувањата за посетителите од Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Руанда, Русија и Сингапур, се вели во соопштението на Министерството. Посетителите од Србија, Израел и Обединетите Арапски Емирати, исто така, ќе бидат ослободени од условот за карантин од денеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button