МАКЕДОНИЈА

Приведено лице по распишана потерница

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода на ул.„Воин Драшковиќ“ вчера во 16.00 часот го лишиле од слобода Б.Ф.(42) од Скопје.

Advertisements

Од МВР денеска информираа дека за него била распишана потерница од Основното јавно обвинителство Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.

Лицето е предадено на ОЈО Скопје за понатамошна постапка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button