ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Проблеми со државната парична помош, 179 газди ги присвоиле парите за себе

Газди на 179 фирми земеле државна помош за исплата плата, но платата наместо на вработените, ја задржале за себе. Директорката на УЈП Сања Лукаревска вели дека државата е оштетена за дури 85.000 евра, а околу 340 вработени не си ја земале октомвриската плата. Следуваат опомени, потоа присилна наплата, но и барање за кривична одговорност. Дел од газдите кои не дале плата на вработените се истите кои ја  злоупотребија помошта и за месеците април, мај и јуни. Пред сè станува збор за секторите трговија на мало, транспорт и фирми кои продаваат готова храна.

„Покрај сите оние јавни опомени и покрај тоа што имаме соодветна постапка во Јавното обвинителство, истите се уште не ја исплатите помошта на своите вработени, а ја земале. Законот налага да се изрече прекршочна санкција, тоа е еден сегмент од тоа како ќе се постапува кон овие неплаќачи.“

Andrea Çobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button