ВЕСТИСВЕТ

Проблеми со складирањето и производството на вакцината на Фајзер?

Во првите денови на имунизација во САД, со вакцината против коронавирусот на компанијата Фајзер, забележани се неочекувани потешкотии во нејзиното складирање на претерано ниски температури, но официјални претставници од компанијата најавиле можни предизвици и во производството, објави Ројтерс.

Најмалку две серии вакцини доставени во Калифорнија мора да бидат заменети, бидејќи температурата во која се чувале паднала под минус 80 степени целзиусови, рече на прес-конференцијата американскиот генерал Густав Перна, одговорен за вакцините.

Официјалните лица во моментов испитуваат дали складирањето на вакцините на екстремно ниски температури, под пропишаните минус 70 степени целзиусови, претставува ризик за нивната безбедност и ефикасност.

„Компанијата „Фајзер“ објави и одредени проблеми поврзани со производството на вакцината“, рекол американскиот секретар за здравство, Алекс Азар, без да прецизира за кои проблеми станува збор.

Тој додал дека властите ќе дадат целосна поддршка на компанијата со цел да се обезбеди производство на вакцини за Американците.

Од Фајзер не одговориле веднаш на барањето за коментар, но извршниот директор на компанијата, Алберт Бурла, за Си-Ен-Би-Си претходно оваа недела изјави дека Фајзер побарал од американската влада да се повика на Законот за одбранбено производство за да се олеснат некои „критични ограничувања во снабдувањето“, особено кога станува збор за некои компоненти, без да даде повеќе детали за тоа.

Извор: Ројтерс

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button