ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжен притворот на Мухамед Зеќири

Кривичниот суд Скопје му одреди нови 30 дена притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири.

Тој е во притвор уште од 9 април како осомничен во истрагата што ја отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупцијата за злоупотреба на службената положба. Инаку, тој од вчера се наоѓа на инфективната клиника во Скопје поради симптоми на труење. Апелацискиот суд на 31 мај ја одби жалбата со која тој побара да биде пуштен да се брани од слобода.

Обвинителството го сомничи за незаконско склучување на договор за консултантски услуги од околу еден милион евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button