ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скапотијата ги здроби платите, досега невидена инфлација во мај

Скапотијата ги здроби платите, досега невидена инфлација во мај

Стапката на инфлација урива рекорди. Државниот завод за статистика и во мај измери двоцифрена инфлација од 12,1 процент, додека на годишно ниво ниво досега 11,9 отсто. Лебот, зејтинот и млекото се трите производи кои поскапеле од 15 до 40 проценти за една година, од мај лани, до мај годинава. Зголемување на цените за 6,7 проценти има кај шеќерот и чоколадото, кафето и чајот за 3,1 процент додека месото за 2,5 проценти.

Трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два проценти, а цените на мало за 1,5. Стопанствениците алармираат дека државата се наоѓа во сериозна криза, а високите цени на струјата може да им ги затвори фирмите.

„Чувствуваме дека Владата е насочена кон граѓанството, не кон фирмите. Мислиме дека тој пат не е добар, да не речам – погрешен. Но, мислам дека корекцијата треба да продолжи. Ние мораме економската активност, да не ја запреме потрошувачката, да ја задржиме економската активност, бидејќи со тоа, со затворање фирми и отпуштање работници ќе направиме поголем гаф во ваква неизвесност и може да е катастрофално,“ рече Бранко Азески-Претседател на стопанска комора

Растот на цените на почетокот на овој месецов продолжи со уште позасилено темпо откако престанаа да важат владините мерки. За два дена сите основни производи почнаа да се продаваат за 5 до 20 денари поскапо. Според најавите на Владата, до крајот на неделава ќе се знае дали повторно ќе се воведат некакви интервенции кај цените.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button