МАКЕДОНИЈА
Продолжува демонтажата на едната од галиите во Вардар

И денеска продолжија работите за отстранување на една од галиите поставени во реката Вардар. Од градот Скопје велат дека целиот процес ќе трае околу еден месец. Се подготвува законски терен да се отстранат и другите монтажни бродови. Според градската управа, на ваквите инсталации не им е место во коритото на Вардар бидејќи ако има пообилни дождови, тие би можеле да доведат до излевање на реката. Инаку, Алсат денеска направи анкета меѓу граѓаните и ги прашавме што мислат за ваквата постапка на гардот.